Eman Nassar,Said İbicioğlu
07 Јануари 2016•Ажурирај: 08 Јануари 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку 50 лица се убиени, а 127 се ранети во денешниот бомбашки напад кој е изведен на полициски центар за обука во северозападниот либиски град Злитан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Либиската новинска агенција ЛАНА јави дека наведениот биланс на страданите е првата достапна информација, но се стравува дека бројот на жртвите би можел да расте.
Локалните извори јавуваат дека нападот е изведен со автомобил-бомба, а до сега никој не презел одговорност за тој чин.
Злитан е град кој се наоѓа 135 километри источно од Триполи и е под контрола на либискиот народен конгрес со седиште во Триполи.