Ali Demir
31 Јануари 2016•Ажурирај: 01 Февруари 2016
ДАМАСК (АА) - Во бомбашки напад во Дамаск, 30 лица загинаа, а 40 беа повредени, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава новинарот на АА, активирани се експлозивни направи кои биле поставени во три возила. Предизвикана е значителна материјална штета, а преземени се и високи безбедносни мерки.
Информацијата за нападот беше потврдена од страна на официјалната сириска новинска агенција САНА. Сè уште немa информации кои се напаѓачите.
Во подрачјето каде што се случи нападот претежно живеат шиити.