Halit Süleyman
13 Декември 2015•Ажурирај: 14 Декември 2015
ДАМАСК (АА) - Во нападот на руските воени авиони врз областа Дума, која се наоѓа во регионот на источна Гута, во главниот град Дамаск, и е под контрола на опозицијата, 50 цивили загинаа а 200 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите кои новинарот на АА ги доби од официјалните претставници на цивилната одбрана во Дума, руските авиони извршиле 25 воздушни напади врз областа Дума која се наоѓа во регионот источна Гута и е под контрола на противниците на владата.
Изворите велат дека од утринските часови руските воени авиони ѓи напаѓаат областите кои се под контрола на опозицијата во регионот на источна Гута, додадоа дека Земелка, Џобар, Хамурије и Арбин се, исто така, помеѓу нападнатите области.
Изворите пренесуваат дека при лоши временски услови руските воени авиони не ги напаѓаат регионите на опозицијата, кажуваа и дека денеска и покрај лошите временски услови воените авиони извеле 100 воздушни напади врз населените места и областите во регионот Источна Гута.
Овластено лице информира дека голем број од населените места се уништени и оштетени од воздушниот напад, исто така ја споделија следнава информација „Повредените од руските воени напади се пренесени во болниците во регионот и се медицински згрижени. Болниците во регионот на источна Гута се полни со повредени лица. Нашите екипи се обидуваат да стигнат до преживеаните под урнатините во нападнатиот регион во областа Дума“.
Во меѓувреме, членот на сирискиот Локален координативен комитет Јусуф ел-Бустани, го потврди руското бомбардирање врз градчињата и областите во регионот на источната Гута во главниот град Дамаск, и кажа дека има многу загинати и повредени.
Бустани рече „Во нападите врз Дума загинати се 50 лица“ и додаде „Се уште не сме добиле информации од локалните болници за бројот на мртвите во другите региони. Има голем број на луѓе кои се тешко повредени во нападите врз Дума. Се стравува од зголемување на бројот на жртвите во регионот“.
Бустани рече „Обично, при дождливо време и кога има магла, авионите на режимот не слетуваат. Денеска времето е облачно и покрај тоа има интензивни воздушни напади врз источниот дел на Гута. Овие напади се вршат од страна на руските авиони“, објаснувајќи дека регионот на источна Гута кој е под контрола на опозицијата, руските сили го напаѓаат од воздух, додека силите на режимот напаѓаат со ракети и минофрлачки гранати.