Hatice Vildan Topaloğlu
31 Март 2016•Ажурирај: 31 Март 2016
ДАМАСК (АА) – Најмалку 20 лица, меѓу кои најголем број деца загинаа во денешните воздушни напади на сирискиот режим во подрачјето на источна Гута во регионот на Дамаск, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани локални извори за АА изјавуваат дека воздушните сили лојални на режимот на претседателот Башар ал Асад, утрово извршиле серија жестоки напади врз основно училиште и болница во источна Гута во близина на Дамаск.
Истиот извор јавува дека во тие напади убиени се најмалку 20 лица, меѓу кои најголем број се деца, но и неколку припадници на цивилната одбрана во областа која е под контрола на сириските опозициони сили.
Во нападите ранети се најмалку 30 лица а поголем број од нив се животно загрозени.
Длабоката политичка криза во Сирија во март 2011 година прерасна во војна, кога безбедносните сили по налог на сирискиот претседател Асад со обиделе со сила да ги задушат продемократските протести и бунтот.
Според податоците на Обединетите нации, во војната која сè уште трае досега животот го загубија повеќе од 250.000 лица а раселени се над 10 милиони Сиријци.