Tayfun Salcı
06 декември 2015•Ажурирај: 06 декември 2015
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција го уапси напаѓачот кој синоќа со нож повредил најмалку три лица, а полицијата соопшти дека целиот случај го третира како терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случи синоќа во подземната метро станица "Leytonstone" во Лондон, а очевидците на социјалните мрежи објавија видео снимки на кои се гледа како полицијата го апси и совладува црномурестиот маж кој претходно им се заканувал на патниците, а потоа и тргнал на нив со нож.
Едно лице е потешко повредено, додека две лица се полесно повредени, а лондонските медиуми јавуваат дека напаѓачот викал "Овај е за Сирија".
Командирот на Одделението за антитероризам Ричард Валтон изјави дека напаѓачот е хоспитализиран и дека е под полициски надзор.
"Случајот го истражуваме како терористички чин. Во земјата постојат високи терористички закани и постојат голем назнаки дека синоќешниот напад е од таков карактер. Ги повикувам граѓаните да бидат мирни, но внимателни во оваа ситуација" , рече полицискиот функционер Валтон. Валтон исто така ги повича граѓаните кои се сведоци на нападот да и ги дојават на полицијата сите сознанија или снимки кои би можеле да помогнат во истрагата.
Британскиот парламент во четврток одобри вклучување на британската војска во воени операции во воздушни операции против терористичката организација ДАЕШ во Сирија, а само неколку саати покасно британските авиони од базата на Кипар полетаа и ги изведоа првите удари на положбите на терористите.