Ali Mukarrem Garip
14 декември 2015•Ажурирај: 14 декември 2015
КИРКУК (АА) - Најмалку две лица се убиени, а две се ранети во вооружен напад кој се случи рано утринава во центарот во градот Киркук, во северниот дел на Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на полициската станица во Киркук Адил Зејнел, за АА потврди дека вооружени напаѓачи отвориле оган на четворица работници од компанијата North Petrol додека чекале автобус во центарот на градот, за да одат на работа во компанијата.
Непознати напаѓачи на автобуската станица во местото Ал Вихда од автомобил отвориле оган врз работниците, при што двајца загинаа, а двајца се тешко ранети.
Ранетите се пренесени во блиската болница и според непотврдени информации се во животна опасност.
Истрагата за случајот е во тек.