Sarp Özer
14 Декември 2015•Ажурирај: 15 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Припадници на турската војска заедно со оклопни возила, вклучувајќи и неколку тенкови распоредени се денес на нови позиции во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава АА од воени извори, конвој од околу 12 воени возила, вклучувајќи и тенкови и други оклопни возила го напушти кампот Башика покрај Мосул и пристигна на новите позиции во северниот дел на Ирак
Преместувањето на турската војска во северниот дел на Ирак е, наведува истиот извор, во согласност со новите задачи.
Турските сили во Ирак ги обучуваат курдските единици на пешмерга.