Onur Usta
01 Декември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) – Американскиот претседател Барак Обама порача дека САД го „поддржуваат правото на Турција да се брани“ во врска со неодамнешното соборување на рускиот авион кој во тек на операција во Сирија го повреди турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Аgency (АА).
Обама во Париз се сретна со турскиот колега, Реџеп Таип Ердоган, на маргините на Конференцијата на Обедиднетите нации за климатските промени (COP21), а по состанокот истакна дека Република Турција е важен советник на НАТО и дека со Ердоган разговарале за ситуацијата во Сирија и тензиите на релација Анкара-Москва по неодамнешното соборување на рускиот авион кој го наруши турскиот воздушен простор.
„Правото на Република Турција за самоодбрана отсекогаш било јасно и има потполна поддршка за тоа. Разговаравме за начините на надминување на тензиите помеѓу Турција и Русија“, рече Обама.
Истакнувајќи дека се разговарало и за актуелната криза во Сирија, Обама и во оваа пригода повтори дека неопходно е проблемите да се решат по политички пат. Нагласувајќи дека заеднички непријател на сите во регионот е терористичката организација ДАЕШ.
Обама рече дека целта на коалицијата е да се запре ДАЕШ, и дека Турција во тој контекст секогаш пружала поддршка. Осврнувајќи се на актуелната бегалска криза, Обама рече дека Република Турција и во тој контекст покажала исклучителна великодушност.
На состанокот на Ердоган и Обама присуствуваа и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, советникот на Министерството за надворешни работи на Турција, Феридун Синирлиоглу, заменикот генерален секретар на Претседателството на Турција, Ибрахим Калин и главниот советник на турскиот претседател за надворешна политика, Ахмет Јилдиз.