Fatma Esma Arslan
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) – Американскиот претседател, Барак Обама, и рускиот претседател Владимир Путин, во текот на Конференцијата на Обединетите нации за климатските промени, кој започна денес во Париз, разговараа за соборувањето на рускиот воен авион кој го наруши турскиот воздушен простор, јавува Anadolu Agency (АА).
Официјални лица од Белата куќа истакнаа дека Обама и Путин одржаа состанок со цел намалување на напнатоста помеѓу Русија и Турција.
Освен тоа, во тек на денешниот состанок Обама изрази жалење поради смртта на рускиот пилот при соборувањето на авионот.
Двајцата лидери разменија и мислења за позициите на своите земји во врска со прашањата за Сирија и Украина.
Гласноговорникот на Кремљ, Дмитри Пешков потврди дека Обама и Путин одржаа полчасовен состанок на кој разговараа за кризата во Сирија и Украина.
Во Париз се очекува да дојдат 40.000 луѓе во тек на Конференцијата, француските сили за безбедност презедоа максимални безбедносни мерки бидејќи овој важен собир се одржува по неодамнешниот терористички напад во кој животот го загубија 130 луѓе.