A. Eda Ünlü Özen,Kadir Karakuş
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на Конференцијата на Обединетите Нации за климатските промени, која денеска започна во Париз, истакна дека за можен договор од Париз треба да се остави простор за реален и флексибилен систем во рамките на борбата против климатските промени, јавува Anadolu Agency (AA).
"За да може да се постигне договор во Париз, потребно е пред се да се увидат различните пристапи. Договорот би требало да го задржи принципот на заеднички но и различни одговорности. Договорот од Париз треба да со анекси да воспостави независен, реален и флексибилен систем" , рече Ердоган.
Ердоган за време на конференцијата изрази сочуство на семејствата на жртвите од терористичките напади во Париз, на француската влада и на народот на таа земја.
Нагласи дека меѓународната заедница во борба против климатските промени се наоѓа на прагот на новиот момент кој, како што рече треба да се искористи.
Нашата клучна одговорност во врска со ова прашање е праведен, делотворен и сеопфатен договор" , истакна турскиот претседател.
Тој потсети дека Турција веќе ја усвоила Мапата на патот 2030 во рамките на борбата против климатските промени.
"Целта ни е да во брзорастечката економија постигнеме намалување на емисијата на штетни гасови до 2030 година на 21 отсто. Напорите во тој правец, во склад со нашите можности но и со подршката што ќе ја добиеме како држава однадвор ќе бидат продолжени во наредниот период" , рече Ердоган.
Додаде дека во наредните две недели сите учесници треба да преземат одговорност за да состаноците завршат со успех.
"За да постигнеме рамнотежа во Договорот од Париз, прашањата на намалување и ускладеност треба да се прифатат на еднакви основи, а со поддршка би требала да се засили и реализацијата. Во врска со ова прашање, најголема одговорност треба да преземат развиените земји" , истакна Ердоган.
Се очекува во Париз да пристигнат 40. 000 луѓе за време на Конференцијата, а француските сили ги преземаа максималните мерки на безбедност бидејќи овој важен собир се одржува по неодамнешните терористички напади во кои живот загубија 130 луѓе.
Овој договор од париската Конференција би требало да биде објавен на 9. декември и тоа на шест службени јазици на Обединетите нации. Конечен договор ќе биде скличен последниот ден на Конференцијата, 11 декември, а потпишувањето на истиот не е планирано за тој ден, туку на почетокот на наредната година.