Fatma Esma Arslan
05 Декември 2015•Ажурирај: 05 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Американската група "Eagles of Death Metal", по нивниот концерт во салата Батаклан во Париз кој беше прекинат со терористичкиот напад, одлучи утре заедно со U2 повторно да свират во "Градот на светлината", јавува Anadolu Agency (АА).
На нивниот концерт загинаа 90 фанови а неколку десетици од нив беа повредени. U2 ќе организира концерти утре и во понеделник. Од групата "Eagles of Death Metal" изјавија дека би сакале повторно да имаат концерт во салата Батаклан, која треба да се отвори до крајот на 2016 година.
Во терористичките напади во Париз изведени на неколку локации, на 13 ноември, за кои одговорноста ја презеде терористичката организација ДАЕШ, загинаа 130 а беа повредени 351 лице. По нападот беше прогласена вонредна состојба во Франција.