Ömer Aydın
04 Декември 2017•Ажурирај: 05 Декември 2017
ПАРИЗ (АП) - Во Париз, главниот град на Франција, во тек е штрајк на јавните комунални работници кои бараат зголемување на платите и подобрување на работните услови, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од најголемите синдикати во земјата ЦГТ (CGT) почна да ја применува одлуката за штрајк на услугите за отпад, водовод и канализација.
Како што соопштија од синдикатот, отстранувањето на отпадот од утринските часови е стопирано во десет области директно управувани од градот Париз.
Француските медиуми објавија и дека е спречено излегувањето на одредени возила за отстранување на отпадот.
Исто така, оневозможена е и работата на фабриките за преработка на отпад лоцирани во општините Роменвил и Иври-сир-Сен.