Fatma Esma Arslan
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - На 21-то заседание на Конференцијата на ОН за климатските промени (COP21) постигнат е нацрт на новиот договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за надворешни работи на Франција, Лоренс Фабиус, кој претседаваше со заседанието, потврди дека е постигнат договор за нацрт новиот договор на вкупно 48 страни.
Нацрт новиот договор се состои од повеќе точки, кои најмногу се однесуваат на дефинирање на обврските на земјите кога е во прашање борбата против климатските промени.
Во текстот на нацрт новиот договор се наоѓаат членови кои се однесуваат на смалувањето на емисијата на јаглерод диоксид од фосилните горива, ограничување на просечната глобална температура помеѓу 1,5 и 2 степени, подготвеноста за борба со негативните последици од климатските промени, како и поддршка за смалување на апсорпцијата на гасовите од стаклената градина.
На овој текст детално ќе се работи и во тек на наредните денови но конечната одлука треба да се донесе до 11 декември. По постигнувањето на конечниот договор истиот ќе биде потпишан на почетокот на 2016 година во седиштето на ОН.