Dzihat Aliju
03 Декември 2015•Ажурирај: 03 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот културен центар “Јунус Емре“ во Скопје, во соработка со здружението “Ќопру“ со пригодна програма се одбележа131 година од раѓањето на турскиот писател и поет Јахја Кемал Бејатли кој е роден во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На собирот по подод одбележување 131 година од раѓањето на турскиот поет Јахја Кемал, присустваше и претставникот на турскиот амбасадор , Јусуф Зија Кенар, координаторот на Интернационалната турска агенција за соработка и координација (ТИКА) Теоман Тирјаки, ректорот на Меѓународниот Балкански Универзитет Исмаил Коџајусуфоглу, како и преставници на владини организации, личности од академските кругови и љубители на пишаниот збор.
Директорот на Турскиот културен центар “Јунус Емре“ , Мехмет Самсакчи во неговата изјава за новинари кажа дека Јахја Кемал е голем поет на балканските простории, поет на Скопје но истовремено и поет на Истанбул и турската цивилизација.
“Ако се зборува за Јахја Кемал, се зборува за турско-исламската цивилизација. Разбирањето на Јахја Кемал значи разбирање на турско-исламската цивилизација”.рече Самсакчи .
Претседателот на турското здружение “Ќопру“ од Скопје, Хусрев Емин, изрази задоволство што на овој начин се сеќаваат на годишнината од раѓањето на Јахја Кемал, гордоста на градот Скопје и една од најголемите личности на турската литература.
Предавач по турска литература, Ертугрул Каракуш кој што направи една презентација во програмата, изјави дека Јахја Кемал е поет и писател кој има посебно место во Турција.
Каракуш кажа дека Јахја Кемал според многу истражувачи е основач на турската поезија на републиканската ера .
“Во Турција се направени многу дела за Јахја Кемал, но неговиот живот во Скопје е кмпресиран во еден дел. Ни овде ќе се стремиме да покажеме за животот на Јахја Кемал со повеќе конкретни примери ”, рече Каракуш.
Во рамкките на приредената програма, претставена е биографијата на поетот и се рециритаа негови избрани дела.
Јахја Кемал Бејатли, еден од најголемите претставници на турската поезија од периодот на републиката е роден на 2 декември 1884 во Скопје.