Dzihat Aliju
17 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Филолошкиот факултет "Блаже Конески" при Универзитетот "Кирил и Методиј", по повод 69-годишнината од основањето организираше свечена церемонија, јавува Anadolu Agency (АА).
По тој повод, на свеченоста организирана во просториите на Факултетот во знак на благодарност претставниците на факултетот им доделија плакети за поддршката и допринос во работата на факултетот на турскиот амбасадор во Македонија, Омур Шолендил, италијанскиот амбасадор во Македонија Масимино Белели, секретарот на Амбасадата на Германија во Македонија Хелга Taипел и на почесниот конзул на Република Полска во Охрид Коста Костовски.
Амбасадорот на Турција во Македонија Омур Шолендил во своето обраќање потсети на придонесот на ТИКА за Катедрата за турски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при УКИМ, каде што во 2011 година е изградена дополнителна зграда ,а во 2014 година, оваа зграда доби и техничка опрема.
Според него поддршката на Турција е резултат на длабоко пријателство и соработка меѓу двете земји. Тој исто така додаде дека заслуги за придонесот за активностите направени за Филолошкиот факултет и припаѓаат и на Интернационалната Турска организација за координација и соработка (ТИКА)
Шолендил истакна и дека добивањето на благодарниците заедно со други претставници на амбасадите е јасен показател за братство, пријателство и соработка во регионот.
Италијанскиот амбасадор во Македонија, Масимо Белели рече дека катедрата за италијански јазик при Филолошкиот факултет е најстарата катедра на факултетот, која годинава одбележува 56 години од своето постоење, што е показател дека во земјава постои голем интерес за Италија.
Секретарот на Амбасадата на Германија во Македонија, Хелга Taипел заблагодарувајќи се за плакетата истакна дека ќе продолжат да го подржуваат Филолошкиот факултет и да дадан свој придонес во неговата работа.