Senita Şeherçehayiç
17 Декември 2015•Ажурирај: 18 Декември 2015
КАИРО (АА) - Златната погребна маска на древниот египетски крал Тутанкамон од вчера е повторно изложена во Музејот на Египет во Каиро, јавува Anadolu Agency.
Посетителите на Музејот еден период не можеа да ја видат оваа маска, бидејќи беше на реставрација која ја изведуваше германско-египетски тим на експерти.
Пред повеќе од година дена, во август 2014 година, дел од Тутанкамовата маска случајно беше оштетен за што беше потребна нејзина реставрација.
Маската ненамерно ја оштетил еден од работниците на музејот, а отпаднатите делови екпертите ги вратија на свое место користејќи лепило.