Hamza el-Huseyni,Zeynep Hilal Karyağdı
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
КАИРО (АА) - Црната кутија на египетскиот авион од типот Airbus 320, кој падна во Средоземното Море, ќе праќа сигнали до 24-ти јуни, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава на египетскиот истражен комитет, поврзана со паднатиот авион кој сообраќал на линијата Париз-Каиро, се вели дека авионот пред да падне, скршнал од поставената патека.
„Според следењето на летот од страна на радaрот на Eгипетските вооружени сили се забележува дека авионот пред да падне во морето, прво скршнал кон лево надвор од патеката, а потоа кон десно направил целосно вртење“, се вели во дописот.
Во изјавата се истакнува дека двете црни кутии ќе праќаат сигнал до 24-ти јуни.
Египетскиот авионот Airbus 320, кој сообраќаше на линијата Париз-Каиро, на 19-ти мај во 02.45 часот по локално време, летајќи над Средоземното Море, по влегувањето во египетскиот воздушен простор, се изгубил од радарот.
Египетската војска, еден ден подоцна, соопшти дека на 295 километри од египетскиот град Александрија биле пронајдени остатоци од авионот.
Во авионот имало 56 патници, од кои три деца и 10 членови на екипажот.