АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу изјави дека Египет ја повикал во посета делегацијата од Турција и дека турската делегација на ниво на заменици на министри на почетокот на мај ќе го посети Египет, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоглу за време на гостување во програма на телевизијата „НТВ“ зборуваше за голем број теми, вклучувајќи ги и односите со Грција.
Истакнувајќи дека односите со Грција се напнати во текот на последните неколку години, Чавушоглу изјави дека тоа воглавно е поради негативниот пристап на официјална Атина.
Тој потсети дека грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас денес ќе ја посети Анкара и го нагласи значењето на водењето на дијалогот и посетата на високо ниво меѓу двете држави.
Тој нагласи дека на двете соседни земји за разговори не се потребни Европската унија (ЕУ) или било која друга држава.
„Постојат прашања околу кои не можеме да се согласиме со Грција. За нив мора да разговараме отворено и искрено. Подготвени сме да седнеме и да разговараме за сите наши проблеми“.
Чавушоглу изјави дека се продолжени техничките преговори меѓу двете земји и дека се одржани и политички консултации, додавајќи дека планира за сите прашања да разговара со својот колега во духот на искрена и отворена атмосефра.
Тој ги коментираше и односите со Египет, истакнувајќи дека е договорено контактите меѓу двете земји да се продолжат преку Министерството за надворешни работи.
Чавушоглу изјави дека по пучот во Египет влегле во период на напнати односи но дека и тогаш Турција секогаш јасно нагласувала дека египетскиот народ е братски народ.
„Стабилноста и просперитетот на Египет се важни за сите“, изјави Чавушоглу, додавајќи дека Египет е важна држава за сите, вклучувајќи го и исламскиот свет, Африка и Палестина.
Како што изјави тој во политиката и дипломатијата понекогаш се можни несогласувања и напнатост, напоменувајќи дека е полесно да се постигне договор и напредок во односите кога заеднничките намери се јасни.
„Египет ја повика делегацијата од Турција. Делегацијата ќе отпатува во Египет на почетокот на мај“.
Тој истакна дека делагацијата ќе биде на ниво заменици на министрите, откако е можен и неговиот состанок со египетскиот колега.
Тој се осврна и на прашањата за тензиите на Црното море, истакнувајќи дека Турција сака тоа подрачје да биде „море на мир“.
Тој истакна дека Турција смета дека тензиите меѓу Украина и Русија треба да се решаваат по мирен напад, напоменувајќи дека Анкара има добри односи со Русија но и со Украина и дека ќе води отворена и искрена политика.
Коментирајќи го прашањето за откажување на преминот на американските воени бродови на турските морезиуми за да бидат разместени во Црното море, Чавушоглу изјави дека САД усмено ја известиле Турција за тоа, но дека сеуште не добиле официјална одлука.
„Турција строго се придржува до Конвенцијата од Монтре. Русија ниту било кој друг не треба да се грижат во врска со тоа“, изјави шефот на турската дипломатија. Конвенцијата од Монтре, потпишана во 1936 година, и дава на Турција контрола над мореузите Босфор и Дарданели, го ограничува пристапот на воените бродови и управува со сообраќајот на странските товарни бродови.