Mehmet Nuri Uçar
01 Јануари 2016•Ажурирај: 03 Јануари 2016
КАИРО (АА) - Во бродолом на релката Нил во Египет, се удавија најмалку 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што соопшти гувернерот на округот Кафр ал-Шеик, Сејид Наср, во синоќешниот бродолом се удавиле најмалку 12 лица.
Тој додаде дека спасувачката акција за барање на исчезнатите продолжува.
Познато е дека бродот пловел помеѓу Кафр ал-Шеик и Бухајрат Башкина, меѓутоа не се познати причините за несреќата, ниту колку лица се наоѓале на бродот.
Египетската службена агенција МЕНА, повикувајќи се на изјави на очевидци, јавува дека на бродот се наоѓале 13 патници, додека локални извори наведуваат дека на бродот се наоѓале 22 лица и дека бродот потонал поради преголемиот товар и неповолните временски услови.
Претходно, портпаролот на Министерството за здравство на Египет, Халид Муџахид, соопшти дека се удавиле 6 лица.