?????
28 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
АТИНА (АА) - Во близина на источните грчки острови во Егејското Море се случи нова трагедија при преминувањето на мигрантите. Во нов бродолом кај островот Самос, според соопштението на грчката крајбрежна стража, загинаа најмалку 11 мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).
Околностите поради кои дошло до потонувањето на бротчето, засега се потполно непознати. Грчката крајбрежна стража и европската гранична патрола ФРОНТЕКС брзо реагирале со акцијата за спасување и пронаоѓање на мигрантите. За жал, само десетина луѓе преживеаа, додека 11 го изгубија животот, меѓу нив седум дечиња, четири момчиња и три девојчиња.
Ова е втор бродолом за два дена во близина на грчките острови во Егејското Море. Вчера, кај островот Кос потона брод, а билансот беше седуммина мртви, од кои две деца.
Грчките острови се во близина на Турција, од каде голем број мигранти од Африка, Азија и од Блискиот Исток се обидуваат да поминат со намера да стигнат до земјите од Европската унија.