????? ?????, ????? ????????
22 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Состојбата на македонската јужна граница во доцните вечерни часови е нормалнизирана откако претходно во неколку наврати доаѓаше до повремени тензии помеѓу економските мигранти и безбедносните сили кои ја штитета македонската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
“Денеска имавме многу возбудлив ден затоа што повеќе од 6000 бегалци ја поминаа границата од Грција. Поради голем број на бегалци, исто така се соочувааат со ситауцијата каде микс националности на кои не им беше дозволено да влезат во Македонија”, изјави за АА, Александра Краус, претставник на УНХЦР, зборувајќи за примена на мерката на селективниот пристап на бегалци, со кој се овозможува влез во земјата само на оние бегалци кои доаѓаат од Сирија, Авганистан и Ирак, бидејќи тоа се земјите во кои се војува, додека на оние од другите земји им е дозволено да ја преминат границата.
“Ова селекција има влијание на границата. Напната е ситуацијата помеѓу полицијата и група миргратни, осебно од од стана на група од Иран, но ситуацијата е релативно мирна и организирана. Немаше некои големи инциденти, се надеваме ситуацијата дека ќе остане ваква, но може и да ексалира” предупредува Краус.
Поради зголемениот број на бегалци, нивната регистрацијата се одвиваше отежнато.
Прифатниот камп за бегалци во Гевгелија беше преполн, а бегалците кои чекаа да дојдат на ред за регистрација се наоѓаат во просторот помеѓу македонско-грчката гранична линија и прихватниот бегалски камп.
Оттука, бегалците беа превезувани со возови, автобуси или такси превоз кон македонскиот северен граничен премин Табановце.