?????
28 Јануари 2016•Ажурирај: 29 Јануари 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведска во наредните години би можела да депортира помеѓу 60.000 до 80.000 илјади баратели на азил, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова го изјави минитерот за внатрешни работи на Шведска Андерс Јеман, истакнувајќи дека досега, околу 45 отсто од апликациите за азил се одбиени.
Во текот на 2015 година, според Јеман, во оваа скандинавска земја влегле 163.000 бегалци.
„Верувам дека ќе депортираме 60.000 луѓе, но мислам дека тој број би можел да порасне и до 80.000”, рече Јеман.
Германија и Шведска минатата година беа првите две најпожелни дестинации за бегалците.