Ali Semerci
28 Јануари 2016•Ажурирај: 28 Јануари 2016
КАИРО (АА) - Воен авион Ф-16 се урна за време на обуката во воената база Фајид на подрачјето Ел-Исмаилије на североистокот на Египет, јавува Anadolu Agency (AA).
Причината за падот на авионот е технички проблем, а падот не го преживеал никој од членовите на посадата.
Портпаролот на египетската војска Мухамед Семир потврди дека авионот падна поради технички проблеми и дека нема преживеани. Не додаде податоци за бројот на лицата кои се наоѓаа во авионот. Меѓутоа, еден безбедносен извор наведува дека загинаа двајца пилоти кои се наоѓаа во авионот.
Во ноември минатата година на патот Каиро-Исмаилије поради технички проблеми падна воен авион.