Hülya A. Gündüzalp
24 Ноември 2015•Ажурирај: 25 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - На основа на анализа на следење на трагата на непознатото летало утврдено е дека авионот го нарушил воздушниот простор на Турција, соопштија воените извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Постоеа дилеми за тоа дали е соборениот авион навистина го нарушил воздушниот простор на Турција, меѓутоа врз основа на анализата на трагата на летот на авионот тоа е утврдено.
Воениот авион од руско производство, типот СУ-24, соборен недалеку од турско-сириската граница по десет предупредувања во тек на пет минути, го пресретнале и срушиле два турски ловци од типот Ф-16 утрово околу 9.30 часот по локално време, соопштено е од Генералштабот на Вооружените сили на Турција.
Вооружените сили на Република Турција со два борбени авиони, Ф-16 утрово го соборија воениот авион откако леталото недалеку од сириската област Бајирбуџак, го нарушил турскиот воздушен простор.