Barış Gündoğan
24 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот премиер и мандатар за составот на новата Влада на Република Турција Ахмет Давутоглу, денеска во Анкара ги објави имињата на министрите во кабинетот за престојниот мандат, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменици на премиерот ќе бидат Мехмет Шимшек, Нуман Куртулмуш, Јалчин Акдоган, Јирдилим Тургул Тукес и Лутфи Елван.
Министер за правда во 64 состав на турската влада ќе биде Бекир Боздаг, министерка за семејство и социјална политика ќе биде Сема Рамазаноглу, министер за ЕУ Волкан Бозкир, додека министер за индустрија и технологија ќе биде Фикри Исик. Министер за труд и социјална политика ќе биде Сулејман Сојлу.
Министерот за земјоделство, сточарство и прехрана ќе биде Фарук Челик, министер за трговија и царина Булент Туфенкчи, министер за внатрешни работи Ефкан Алан, министер за развој Џевдет Јилмаз, министер за култура и туризам Махир Унал, додека министер за финансии ќе биде Наџи Акбал. Министер за образование ќе биде Наби Авџи.
Со ресорот за одбрана ќе раководи Исмет Јилмаз, министерот за водостопанство и шумарство ќе биде Вејсел Ероглу, министер за здравство Мехмет Музиноглу, а министер за поморство, сообраќај и комуникации ќе биде Бинали Јилдирим.
Министерка за околина и просторно уредување ќе биде Фатма Гулдемет Сари, министер за надворешни работи же биде Мевлут Чавушоглу, за економија Мустафа Елитас, а министер за природни ресурси ќе биде Берат Албајрак. Министер за млади и спорт же биде Акиф Чагатај Килиџ.