Said İbicioğlu
30 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
БАХРЕИН (АА) - Воен авион на воздушните сили на Бахреин утринава се сруши поради технички дефект, на југот од Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Командата на коалициските сили кои во операциите во Јемен ги предводи Саудиска Арабија, соопшти дека поради технички дефект, утринава се срушил авион од типот F-16 на бахреинските воздушни сили во регионот Јазан и дека пилотот ја преживеал несреќата скокајќи со падобран пред самиот пад.
Ова е прво губење на авион на Бахреин во рамките на операциите во Јемен, а во мај оваа година, на сличен начин падна авион од типот F-16 на мароканските воздушни сили, додека авион на Судан е соборен во близина на Сана.
Генералштабот на бахреинската војска, вчера соопшти дека тројца бахреински војници загинале во текот на вчерашните операции во Јемен, со што бројот на загинати бахреински војници од почетокот на операцијата во март, ова година, порасна на осум.
Јемен, од минатата година е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која ескалираше кога бунтовниците на шиитското движење Хуси го заземаа главниот град Сана. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, од март годинава изведува воздушни напади врз бунтовничките позиции.