Mahmut Atanur
30 Декември 2015•Ажурирај: 31 Декември 2015
ПЕКИНГ (АА) - Во кинескиот град Шенжен, на самиот југ на провинцијата Гуангдонг, отворена е најголемата подземна железничка станица на азискиот континент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Футјан, освен што е најголема подземна железничка станица на азискиот континент, станува збор за втора по големина во светот, по онаа во Њујорк, а зафаќа површина од 21 фудбалски игралишта.
Трикатната станица има капацитет од 3.000 патници, а на почеток ќе биде поврзана на релација помеѓу Шенжен и најголемиот град на оваа провинција Гунгџоу. Се очекува, исто така, од 2018 година станицата да биде поврзана со Хонг Конг, од каде патувањето до Гунгџоу ќе трае 30, а до Шенжен 15 минути.
Кина со овој проект има намера да ги спои Хонг Конг со Пекинг, со што патувањето би траело девет часа.