İnci Gündağ
08 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ЛОНДОН (АА) – Работниците на железничката компанија „Саутерн“, која управува со возовите што сообраќаат на релацијата помеѓу градовите во јужниот дел на Англија и Лондон, ќе штрајкуваат 5 дена во знак на протест против новодонесените планови, поради кои ќе бидат разрешени перонските работници, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради најдолготрајниот штрајк во државата по 50 години, доаѓа до прекин на релациите помеѓу градовите во јужниот дел на земјата, како и релацијата на јужниот дел на Лондон со аеродромот Гетвик, Лондон.
Во соопштението на компанијата „Саутерн“ во врска со штрајкот, беше истакнато дека се работи на тоа влијанието од штрајкот на работниците да биде минимален. Во текот на петдневниот штрајк, 60 % од релациите ќе се реализираат, а некои линии нема да сообраќаат воопшто.
Работниците на компанијата „Саутерн“ се спротивставиле на одлуката вратите на возовите да бидат контролирани од страна на кондуктерите со помош на системи со камера, така што ќе се намали бројот на (ќе бидат разрешени) перонските работници што ја извршувале таа задача.
Во врска со настаните, организаторот на штрајкот, кој е секретар на Синдикатот за железнички и поморски сообраќај и транспорт, Мик Кеш, во својата изјава истакна дека со одлуката за штрајк сакале вниманието да го привлечат кон својата загриженост за безбедноста, и додаде дека нивни приоритет била безбедноста на железницата наместо профитот.
Утврдено е дека на некои патници кои се соочуваат со задоцнувања и откажувања поради штрајкот, работилниците им овозможиле за тие за неколку недели да работат од дома, а тие што немаат ваков избор или изнајмувале возила или се насочувале кон другите алтернативни опции за јавен превоз.
Штрајкот ќе заврши в петок, во 23.59 часот според локално време.
Најдолготрајниот железнички штрајк во Англија се одржал во 1968 година.