Michael Sercan Daventry
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Лондонската полиција за една третина ќе го зголеми бројот на вооружени полицајци кои патролираат по улиците на главниот град на Велика Британија со цел ефикасно да се бори против терористичката закана, јавува Anadolu Agency (АА).
Шефот на лондонската полиција Бернард Хоган-Хау рече дека одлуката е донесена по ревидирањето на безбедносната ситуација по терористичките напади во ноември минатата година во Париз.
"Вооружени полицајци се нашите херои, од кои се очекува да се спротивстават на терористите и да ги елиминираат заканите. По нападите во Париз побарав зголемување на бројот на полициски возила на улиците на Лондон, а сега побарав да се зголеми бројот на полициските службеници", рече Хау.
Нагласувајќи дека на улиците ќе се ангажираат дополнителни 600 вооружени полицајци, Хау рече дека е свесен дека светот се соочува со терористички закани спонтани напади кои бараат брз и ефикасен одговор на полицијата.
Лондонската полиција на улиците на Лондон веќе ангажира околу 2.000 полицајци, кои поминаа специјална обука. Лондонската полиција обично не практикува носење на оружје, за разлика од полицијата во повеќето земји. Хоу, рече дека дури и со дополнителна обука и понатаму полицајците 92 ќе патролираат без оружје.