İlker Girit
05 Јануари 2016•Ажурирај: 06 Јануари 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Дванаесет осомничени за поврзаност со терористичката организација ДАЕШ се уапсени вчера во антитерористичка операција во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
Акцијата следеше откако претставниците на Одделот за антитероризам добија информации дека членови на ДАЕШ планираат самоубиствени напади во Турција. Полицијата изврши рација на 16 локации во 10 различни делови на Истанбул, запленувајќи големо количество муниција, дигитални документи и книги.
Еден од осомничените е задржан во притвор по што го очекува судење. Три лица беа ослободени со условна мерка за редовно известување на полицијата. Осуммина осомничени се ослободени до почетокот на судењето. Од полицијата соопштија дека работат на апсење на петмина осомничени, кои не се пронајдени во вчерашната операција.