?????
30 Јануари 2016•Ажурирај: 31 Јануари 2016
СТОКХОЛМ (АА) - Шведската полиција привела четворица маскирани машки лица, откако во центарот на Стокхолм делеле антимигрантски летоци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролката на шведската полиција Тове Хаг, соопшти дека синоќа се приведени четири лица поради делење на летоци во кои се повикуваат Швеѓаните да организираат протести против бегалците, откако тинејџерот со сомалиско потекло уби социјален работник.
Хаг рече дека едно машко лице е обвинето за навредување на полициски службеник, додека останатите се обвинети за извршување кривични дела против јавниот ред и мир.
Шведска, која во 2015 година прими рекордни 160.000 баратели на азил, забележа значаен пад на бројот на нови бегалци од воведувањето на мерките на заострена контрола на почетокот од годинава.