Mehmet Yavaş
13 Август 2017•Ажурирај: 14 Август 2017
ЧАНАККАЛЕ (АА) - Во подрачјето на Ајваџик, во северозападниот дел на Турција, фатени се 41 мигрант при обид за премин на грчкиот остров Лезбос, јавува Anadolu Agency (AA).
Жандармериските тимови за време на акцијата забележаа 41 мигрант од Сирија и од Гамбија како се кријат меѓу маслинови дрвја во местото Ѓулпинар.
Меѓу мигрантите кои се предадоа на Центарот за враќање на странци во Ајваџик, имаше и жени и деца.