Can Erözden
22 Ноември 2015•Ажурирај: 23 Ноември 2015
ХАТАЈ (АА) - Гувернерот на јужната турска провинција Хатај, Ерџан Topaca, рече дека се преземени сите мерки за згрижување на Туркмените кои ги напуштија своите домови во саботата како резултат на нападите од сириските и руските сили, изјавија локални извори за Anadolu Agency (AA).
.Областа Баир Бучак во Сирија беше сведок на масовно раселување на Туркмените (Сиријци со турско потекло) кои ги напуштија своите домови по саботните напади.
„Од денес, речиси 1.500 наши браќа Туркмени се во рамките на турските граници. Презедовме мерки задоволување на нивните потреби бидејќи времето е постудено“, изјави Topaca за дописникот на Anadolu Agency (АА), доцна во саботата.
„Денес беа испратени 575 шатори, 4.200 ќебиња, медицинска опрема, 20.000 парчиња конзервирана храна, 2.000 готови пакети со храна. Утре ќе обезбедиме и топол оброк“, додаде Topaca.
Тој изјави дека шаторските градови се подготвуваат за оние кои сакаат да влезат во Турција.
„Ние се обидуваме да утврдиме колку луѓе ќе дојдат во Турција. Речиси 15 туркменски села беа во зоната каде што се случија судирите. Нашата браќа Туркмени, кои живеат блиску до судирите, пристигнаа во шаторските градови. Доколку судирите се интензивираат во претстојните денови, мислиме дека повеќе луѓе ќе дојдат, а ние правиме планови за нивната миграција“, додаде турскиот гувернер.
„17 повредени лица пристигнаа од петокот“ рече Topaca.
Туркмените се турска етничка група стационирана главно во Сирија и Ирак, каде што живеат заедно со големиот број арапско и курдско население.
Заедницата на Туркмени, која вклучува и сунитски и шиитски муслимани, одржува блиски културни врски со народот во Турција.