Feyza Süsal
22 Ноември 2015•Ажурирај: 24 Ноември 2015
РИМ (АА) – Муслиманите вчера одржаа собири низ поголемите градови низ Италија, против тероризмот по минатопеточните терористички напади во Париз, јавува Anadolu Agency (AA).
Голем број Италјанци им се придружија на муслиманите кои се собраа во голем број на плоштадите во Рим, Милано и Џенова, под слоганот „Не во мое име“, со цел дистанцирање на исламот од тероризмот.
Во Рим, стотици застанаа во едноминутно молчење во сеќавање на жртвите од париските напади како и од другите терористички напади.
Демонстрантите носеа транспаренти „Теророт е непријател на исламот“, „Теророт нема религија“, „Сите против тероризмот“ и „Не за тероризмот во име на Бог“ како и други знаци за солидарност со францускиот народ.
Собирите беа поддржани и од Претседателот Серџо Матарела.
Кон собирите се придружија и италјанските законодавци.
Пред собирот, претставници на муслиманската заедница во Италија и организаторите на митингот, се состанаа со Лаура Болдрини, претседателка на Домот на делегати на Италија.