Admir Fazlagikj
03 Април 2016•Ажурирај: 04 Април 2016
ЗУБИН ПОТОК (АА) – Претседателот на Владата на Србија и претседателот на Српската напредна партија Александар Вучиќ, еднодневната посета на Северно Косово ја заврши со предизборен митинг во спортската сала во општина Зубин Поток на северно Косово, каде што побара поддршка за, како што рече, единствена и обединета Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ порача дека гледа дека Србите од Косово знаат што е најдобро за Србија, бидејќи само успешна и угледна Србија може да ги заштити Србите на Косово. Според неговите зборови, дијалогот кој се води во Брисел со косовската Влада не с ниту малку лесен, но дека Србија мора да води мудра политика и дека таа ги има “најхрабрите луѓе кои секогаш ја штителе оваа земја, но не треба да се влегува во судири кога тоа не е потребно".
“Потребна е мудра политика за да разговараме со Албанците, но секогаш да знаеме што е тоа што го штитиме. Што е тоа што е наше, што е тоа од што никогаш нема да се откажеме”, рече Вучиќ. Помеѓу другото, вети дека Белград ќе се бори за Србите на Косово, како и за сите останати граѓани на Србија, истакнувајќи дека со мудра политика Србите “не добиле епитет на геноциден народ за наредните 200 години”, како и дека “Косово не стана членка на УНЕСКО”.
Осврнувајќи се на фрлената бомба на паркингот пред салата во која е одржан митингот, претседателот на Српската напредна партија (СНС) и премиер на Србија, Вучиќ, порача дека ќе се бори и за Србите кои го направиле тоа. “По бомбата и по рафалите, не спомнуваме ниту едно име, затоа што сакаме едниствена Србија”, истакна Вучиќ, завршувајќи со пораката дека Косово живее во Србија.
“Јас се срамам поради оваа фрлена бомба, на срспки премиер, на српско Косово”, истакна на почетокот на своето обраќање, Александар Вулин, министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања во Владата на Србија.
Шефот на Канцеларијата за Косово, Марко Ѓуриќ, рече дека Србија не смее да му го сврти грбот на истокот, ниту на западот и дека сите треба да се борат за Србија. Помеѓу другите, на митингот на СНС, свое обраќање имаше и претседателот на привремениот орган на општината Зубин Поток, Стеван Вуловиќ и лидерот на Српската напредна партија, Ненад Поповиќ.
Српскиот премиер Александар Вучиќ, во текот на еднодневната посета на северниот дел на Косово ја посети флотацијата на комбинатот Трепча во Лепосавиќ, манастирот Бањска, како и Клиничко-болничкиот центар во Северна Митровица.
Вучиќ го придружуваа бројни министри од Владата на Република Србија, но и спрските министри од Владата на Косово. Целата посета помина со силни безбедносни мерки.