Bojana Stojanovic
07 Февруари 2018•Ажурирај: 08 Февруари 2018
БЕЛГРАД (AA) - Стратегијата на Европската унија кон Западен Балкан е шанса за Србија, пред нас е планина со пречки, а граѓаните ќе одлучат дали ја гледаат Србија во Европа, за што секако ќе платиме цена, изјави денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
По состанокот со европскиот комесар за преговори за проширување и политика на соседство Јоханес Хан, кој престојува во посета на Србија, Вучиќ рече дека најтешки задачи се пред Србија, како што е прашањето на Косово, граничната линија со Босна и Херцеговина, како и со Хрватска.
„За овие прашања не можеме ние да донесуваме одлука, туку храбро да излеземе со предлози. Одлуката е кај граѓаните кои ќе мора да кажат дали ја гледаат Србија во Европа, за што секако ќе платиме цена", рече Вучиќ.
Според неговите зборови, правно-обврзувачки договор на Белград и Приштина мора да биде резултат на компромиси каде двете страни помалку ќе загубат.
„Дојде време да ги платиме грешките донесени во минатото", додаде претседателот на Србија.
Според неговите зборови, рамковниот рок 2025 година за влез на Србија во ЕУ, за Европа е мала рамка, а за Србија претставува многу.
Запрашан за претстојната посета на Хрватска, Вучиќ рече дека сака да верува дека и другата страна ќе постапи одговорно.
Коментирајќи го тоа што премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ спомнувал воена оштета, Вучиќ рече дека се плаши дека со покренување на тоа прашање Хрватска би можела многу да загуби.
„Да сум на нивно место, тоа прашање не би по покренувал", наведе Вучиќ.
Еврокомесарот Хан рече дека Стратегијата треба да биде позитивен притисок на политичарите на европскиот пат, како и дека Србија како актуелен лидер на тој пат може да послужи како пример на другите земји во регионот.
„Во последните десет години, дуплирана е размената со ЕУ, но ниту за евро не е зголемена во регионот", рече Хан.
Европскиот комесар говорејќи за правно-обврзувачкиот договор повтори дека е неопходно да се најде одржливо решение прифатливо за се, но дека тој мора да биде постигнат и применет.