Kristina Maslareviç
28 Декември 2015•Ажурирај: 29 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - По состанокот со премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу, премиерот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека тие имале долги, интензивни и важни разговори во четири очи, за сите важни билатерални и регионални прашања, јавува Anadolu Agency (AA).
"Ние ги договоривме механизмите за соработка помеѓу двете земји, кои во иднина треба да донесат големи резултати. Ова првенствено значи дека на највисоко, владино, ниво ќе формираме совет кој ќе го водат премиерите а ќе го сочинуваат најважните министри во области во коишто можеме да соработуваме и ќе да се состануваме. Такво тело, Турција има со Бугарија и со Грција, а во иднина ќе има и со Србија", рече Вучиќ.
Тој додаде дека сака да ги подобри економските односи и дека српската Влада сака да донесе многу турски инвеститори како и тоа дека е задоволен со сегашните инвеститори бидејќи инвестираат во најнеразвиените делови.
Наведувајќи дека меѓусебната размена мината година изнесувала милијарда долари, Вучиќ рече дека замолил за поголема економска поддршка и дека на вечерашниов Српско-турски бизнис форум во Белград ќе учествуваат 137 бизнисмени од Турција и 300 поканети лица од Србија.
"Мојата порака е дека Србија секогаш за еден долар, или во некоја друга смисла, да ги понуди и своите услуги и себе како подобро место за инвестирање од било која друга земја. Секогаш и во секој момент сме подготвени за конкуренција, за натпревар и во тој натпревар очекуваме да победиме или односно да привлечеме поголем број турски инвеститори", рече Вучиќ.
Тој додаде дека за време на средбата со турскиот премиер се разговарало за соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката и рударството, и дека во сите овие сфери очекува сериозно присуство на турските инвеститори.
"Турција денес е една од земјите која ретко кој може да ја стигне во економскиот раст, ќе има 4 отсто економски раст на толкава земја, за релативно богата земја тоа е неверојатен успех, а ние ќе гледаме во 2017 и 2018 година да ја достигнеме таа стапка на раст и полека, не можеме брзо, но полека, да го достигнеме тој степен на раст кој денес го има Република Турција", наведе Вучиќ.
Српскиот премиер рече дека е почестен со тоа што, по Кипар и Азербејџан, Давутоглу, со неговата трета официјална посета откако е избран за премиер, ја посети Србија и дека утре за време на заедничката посета на Нови Пазар го очекува и претседателот на Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.