Давутоглу: Ќе ја пишуваме историјата наместо само да ја изучуваме
Нагласувајќи дека телефонот во изминатите два дена не престанал да ѕвони, Давутоглу кажа дека најмногу честитки за изборната победа добил од Босна, Македонија, Палестина, Сомалија, Сирија и други пријателски земји????? ??????????-???????
03 Ноември 2015•Ажурирај: 05 Ноември 2015
ИстанбулТурскиот премиер и претседател на Партијата на правдата и развојот (АК Партија), Ахмет Давутоглу, денес допатува во Истанбул, а на аеродромот „Ататурк“ го дочекаа неколку илјади граѓани кои со овации ја славеа неделната изборна победа, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу во обраќањето на насобраната маса истакна дека изборната победа се слави во целата земја и пошироко, но дека АК Партија никого не навредила, ниту гледала од високо бидејќи застапува став дека постојат само две групи на бирачи и тоа оние кои во недела гласаа за АК Партијата и оние кои тоа ќе го сторат на следните избори бидејќи во следниот мандат ќе се уверат во исправноста и оправданоста на таа политичка опција.
„Никогаш не одговарав на прашањето колку проценти гласови од бирачите очекувам на изборите бидејќи тоа би можело да значи дека сум се откажал од поддршката на оние другите. Сега за нас гласаа 49.5 проценти, а сигурен сум дека и оние 50.5 проценти бирачи повторно ќе размислат, проценат и на следните избори ќе ни го дадат својот глас, па по изборите 2019 година ќе славиме уште поголем празник на победата“, рече Давутоглу.
Истакнувајќи дека плодовите на семето кое е засеано се видливи и дека ќе бидат уште повидливи во 2019 година, а дека вистинската причина за празнување на силната и голема Република Турција ќе биде во 2023 година кога таа го слави својот 100 роденден.
На повиците на насобраните симпатизери „вие сте гордост наша“, Давутоглу рече дека е годрост за Турција што има толку силна, солидарна, демократски освестена и со љубов полна маса.
- Давутоглу: Денес не е ден за одмор, туку за нов почеток на патот.
Шефот на турската влада Давутоглу кажа дека „нема одмор, туку дека раководството на земјата уште денес тргнува со продолжување на започнатата работа“.
„Зар би можеле да сопреме сега кога народот ни даде доверба да формираме самостојно власт. Веќе од денес започнуваме со работа. Сета сила, имот и пот ги ставаме на располагање да се бориме за подобро утре на целата земја и народ“, рече Давутоглу.
-Давутоглу: Турција е една и единствена.
Истакнувајќи дека Република Турција е една и единствена, Давутоглу порача дека нема да дозволи успех на оние кои сакаат да ја делат и разединуваат.
„Никогаш не сме се одвојувале од правдата и народот. Нека Бог ни помогне и да ни даде сила оваа изборна победа да ја оправдаме со добро служење на народот и државата“, порача Давутоглу.
Нагласувајќи дека телефонот во изминатите два дена не престанал да ѕвони, Давутоглу кажа дека најмногу честитки за изборната победа добил од Босна, Македонија, Палестина, Сомалија, Сирија и други пријателски земји.
„Еден брат, интелектуалец од Сирија ми испрати порака во која честита за победата и вели дека луѓето во Сирија се молеле за наша победа и во молитвите гласале за Турција која им ја отвори вратата. Во име Божје зар може да постои некој посилен од оној кој ќе влезе во срцето на оној кој е угнетуван.
Зар Бог нема да му помогне на оној кој помага некому во неволја. Тоа е вистинска помош. Толку сме навредувани и критикувани кога им ја отворивме вратата на загрозените од Сирија, Сомалија и другите земји. Ние тоа го сторивме и Аллах и народот се со нас. Еве, ние сега пишуваме нова историја. Веќе нема само да ја изучуваме историјата туку отсега ние ја пишуваме“, заклучи Давутоглу.