Hülya A. Gündüzalp
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
АНКАРА (AA) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу ги посети ранетите во синоќешниот терористички напад во главниот град на Турција, Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу денес, по состанокот со началникот на турскиот Генерашштаб, Хусеин Акар, ги посети ранетите лица во терористичкиот напад кој се случи во средата навечер во главниот град на таа земја, кои се сместени во болницата Нумуне како и во воената болница ГАТА во Анкара.
Давутоглу првин разговараше со претставниците на здравствените установи, кои го информираа за здравствената состојба на повредените лица.
Во разговорот со повредените, Давутоглу упрати желби за што побрзо опоравување. Во придружба на турскиот премиер беше и министерот за здравство Мехмет Муезиноглу.
Tерористичкиот напад е извршен вчера, врз возила кои превезувале лица на Оружените сили на Турција во моментот додека чекале на семафор на раскрсница на булеварот Инону, во центарот на Анкара. Според официјалните податоци, во нападот загинаа 28, а 61 лице е рането. Меѓу загинатите се 27 припадници на турските сили и еден цивил.