İlhan Toprak
18 Февруари 2016•Ажурирај: 19 Февруари 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, во врска со синоќешниот терористички напад во Анкара, изјави дека собраните докази укажуваат на тоа дека терористичките организации ПКК и ПЈД се поврзани со нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, денес, на конференцијата за новинари во седиштето на Генералштабот на турската војска во Анкара, се осврна на последниот терористички напад во Анкара, кој се случи синоќа.
„Колку и ја негира поврзаноста со ова раководтвото на ПКК и ПЈД, сите докази кои ги собра нашето министерство за внатрешни работи и разузнавачките служби укажуваат на тоа дека тоа е нивно дело”, рече Ердоган и додаде:
„Клопчето се одмотува, уапсени се 14 лица. Моите предвидувања се дека овој број нема да остане на 14, туку ќе има уште повеќе. Бидејќи, видливо е дека оние кои се занимаваат со ова имаат продолжени раце и надвор од земјата”.
Турскиот претседател рече дека последните терористички активности во Турција укажуваат на тоа дека борбата на оваа земја против тероризмот вроди со плод.
Во врска со терористичкиот напад, со Ердоган преку телефон разговарала и германската канцеларка Ангела Меркел. Таа остро го осудила нападот и упатила порака на сочувство. Меркел истакнала дека Германија е покрај Турција кога станува збор за борбата против тероризмот и дека солидаризира со болката на турскиот народ.
Врз возила кои превезуваа персонал на Вооружените сили на Турција во вечерните часови, изведен е терористички напад во момент додека чекале на семафор на раскрсница на булеварот Инону, во центарот на Анкара.