Турција

Ердоган: „Големиот одзив на гласачите, показател на демократска зрелост“

Актуелниот турски претседател, лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) и претседателски кандидат на оваа политичка опција, Ердоган, гласаше на избирачкото место во истанбулската населба Ускудар

?kipa  | 24.06.2018 - Обновена : 24.06.2018
Ердоган: „Големиот одзив на гласачите, показател на демократска зрелост“ Berk Özkan/АА

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека денешните избори во Турција имаат посебно значење и дека се своевидна демократска револуција поради претстојното преминување на претседателски систем на управување во државата, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Турција денеска се одржуваат предвремени претседателски и парламентарни избори, на кои речиси 60 милиони гласачи бираат претседател и нов состав на Големото народно собрание на Република Турција.

Актуелниот турски претседател, лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) и претседателски кандидат на оваа политичка опција, Ердоган, гласаше на избирачкото место во истанбулската населба Ускудар.

Пред гласачкото место се собраа неколку илјади граѓани кои го поздравија Ердоган, а тој, по гласањето, пред новинарите истакна дека сите информации кои ги добива, укажуваат на многу добар одѕив на гласачите во Турција.

„Турција ги надмина сите развиени земји во кои одзивот на гласачите падна и на 30 отсто. На последните избори во Турција излегоа над 85 отсто од регистрираните гласачи, што е показател за демократската зрелост“, рече Ердоган.

Тој додаде дека денешните избори во Турција се особено важни и изрази надеж дека и гласачите ќе одговорат со дополнителна одговорност.

„Турција со претседателскиот систем на управување сериозно го подигнува скалилото на ниво над современите цивилизации. Убеден сум дека нашата земја ќе продолжи со напредокот, без блокада на бирократската олигархија“, порача Ердоган.

Истакнувајќи дека сите досегашни информации укажуваат дека во цела Турција нема поголеми проблеми, Ердоган изјави дека изборите ќе ги следи од Истанбул, а дека во текот на денот ќе отпатува за Анкара.

Вкупно 180.065 избирачки места во цела Турција се отворени во 08:00 часот, а затворањето е најавено за 17:00 часот по локално време.

Претседателот на државата и Парламентот се избираат на мандат од пет години. Станува збор за историски избори со кои Турција ќе премине од парламентарен во претседателски систем на управување, што беше одобрено со референдумот одржан во април минатата година.

За влез во 27. состав на Парламентот, на изборите се натпреваруваат вкупно 8 политички партии и 68 независни кандидати.

Вкупно 6 кандидати на изборите учествуваат во трката за претседател на Република Турција.

Кандидат на владејачката АК партија и Народната алијанса е актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

Ердоган на функцијата претседател беше избран на изборите во 2014 година и беше првиот директно избран претседател на Турција. Во случај на победа на овие избори ќе стане првиот претседател на Турција со широки овластувања кои ќе му ги даде претседателскиот систем на управување во кој нема да ја има функцијата премиер. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın