Hülya Çorakçı Ertan
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган, изјави дека не се точни наводите на одредени медиуми дека Русија го блокирала проектот за гасоводот „Турски тек“, јавува Anadolu Agency (АА).
Ердоган денес се обрати во истанбулскиот Конгресен центар на свеченото отворање на „Неделата на турските иновации“, а во таа пригода се осврна и на јакнењето на тензиите во односите со Русија.
„Сè уште нема назнаки за тоа дали нашите проблеми со Русија ќе се рефлексираат на проекти во врска со гасот, како и со нуклеарната централа Акују. На јавноста ѝ се сервираат вести дека Русија го блокирала проектот „Турски тек“. Не им верувајте на овие лажни информации“, порача Ердоган.
Рече дека станува збор за проект кој е замрзнат од страна на Турција, затоа што Турција не им одговори на нивните барања.
„Поради тоа, не станува збор за било каква негативна ситуација која е резултат на последните случувања. Покрај тоа, ние не го поддршуваме ниту начинот, а ниту ни пристапот на Русија кој може да доведе до ескалација на кризата. Ние зборуваме со јазикот на дипломатијата“, рече Ердоган, додавајќи дека неговата земја многу добро знае кога, како и што треба да говори.
„Турскиот тек“ е проект на гасовод од Русија до Турција преку Црното Море со планиран годишен капацитет од 63 милијарди метри кубни гас. Се очекува да стане оперативен во декември 2016 година, како замена за подоцна планираниот проект „Јужен тек“.