Sertaç Bulur
05 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Група припадници на терористичката организација ПКК синоќа извршила напад со молови коктели на градски автобус во турскиот главен град Анкара, јавува Anadolu Agency (AA)
Според информациите од полицијата во Анкара, група терористи со маскирани лица доцна синоќа се обидоа да го запалат градскиот автобус во предградието на Анкара, Кечиорен.
Терористите врз автобусот фрлиле молотови коктели додека се приближувал кон станицата, по што избегале во непознат правец. Во нападот немало загинати ниту повредени, а автобусот е оштетен.
Покрената е истрага за случајот, а полицијата сè уште трага за извршителите на овој напад.