Mehmet Tosun,Selma Kasap
23 Декември 2015•Ажурирај: 24 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Во својата изјава на заедничкото свечено отворање на Министерството за шумарство и водостопанство и на работната седница на Собранието, турскиот премиер Ахмет Давутоглу, рече дека една група бандити го уништуваат и тероризираат регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
"Додека вршиме отворање на повеќе услужни дејности, додека работиме на нови проекти, т.н. претенденти за заштита на правата, група бандити само го палат, упропастуваат, уништуваат и тероризираат регионот, принудувајќи ги цивилите да ги напуштаат своите домови. Сакаат нашите луѓе да се жртви, без работа и необразовани. Прават сè за регионот да заостанува. Но, треба да знаат дека ние ова не сме го дозволиле, не го дозволуваме и нема да го дозволиме", изјави премиерот Давутоглу.
Тој истакна дека побарал состанок за да разговара со лидерите на опозициските партии.
"Се критикувавме и водевме политика на конкуренција едни кон други, но се надевам и тие ќе го следат истиот пристап и следните четири години да започне еден период каде интересот на државата ќе е над секој вид политички интерес. Нашата разлика е во тоа што ние ја претставуваме цела Турција", истакна Давутоглу.