Servet Günerigök
23 Декември 2015•Ажурирај: 23 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Вкупно 168 припадници на терористичката организација ПКК убиени се во воената акција која се спроведува во источниот дел на Турција од 15-ти декември, потврдија воени извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Акцијата продолжува во југоисточните покраини Дијарбакир, Ширнак и Мардин.
Во рамките на акциите убиени се 113 терористи во населените места Чизре и девет во населеното место Силопи во Ширнак. Во населеното место Сур во Дијарбакир убиени се 23 припадници на терористичката група.
Во покраината Мардин, во населеното место Даргечит убиени се 16 терористи и тројца во населеното место Нисајбин. Во покраината Битлис неутрализирани се четворица терористи.
Освен тоа, еден терорист е фатен жив во текот на акцијата во населеното место Чизре.
ПКК, која е прогласена за терористичка организација во Турција, САД и ЕУ, ја продолжи својата вооружена кампања кон крајот на јули. Оттогаш, убиени се над 200 припадници на безбедносните сили и над 1.700 терористи од ПКК.