Can Erözden
25 Декември 2015•Ажурирај: 26 Декември 2015
АНКАРА (АА) - Од 15-ти декември оваа година вкупно 180 терористи на ПКК беа убиени за време на операциите во југоисточниот дел на Турција, соопшти денеска Генералштабот на турската армија, јавува Anadolu Agency (AA).
Воените извори за АА говорејќи под услов на анонимност истакнаа дека имал дополнителен број на смртни случаи од 25 лица во истиот период.
Терористичката организација претрпе загуби во југоисточната провинција Ширнак, Дијарбакир, Мардин, Битлиш, каде операциите сеуште се во тек.
139 терористи на ПКК беа убиени во областа Чизре на провинцијата Ширнак, додека 33 други во областа Сур на Дијарбакир.
ПКК, која се смета за терористичка организација од страна на Турција, САД и ЕУ, на крајот на јули одново ја започна својата вооружена кампања.
Од тогаш, според официјалните податоци околу 200 припадници на безбедносните сили се убиени, а повеќе од 1.700 терористи се убиени.