Sema Kapalan
14 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку пет лица загинаа, а 39 беа повредени доцна синоќа во терористички напад врз полициска станица во Дијарбекир, на југоистокот на Турција, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што соопштија од канцеларијата на гувернерот на провинцијата Дијарбакир, цел на нападот била полициската станица Чинар, а меѓу загинатите се двајца членови на семејството на полициските службеници.
Меѓу 39 повредени се и шест полицајци и осум членови на нивните семејства Нападот беше извршен со активирање на експлозив во автомобил во непосредна близина на објектот, по што терористите отвориле оган врз полициска станица и на околните згради кои се користат од страна на безбедносните сили.
По нападот на областа на Дијарбакир се испратени дополнителни сили на полицијата и жандармеријата.
"Во нападот загинаа двајца членови на семејството на припадниците на полицијата, а повредени се шест лица. Вкупниот број на убиени е пет, а повредени 39. Во нападот е тешко оштетена зградата во која живееле полицајците и нивните семејства", се вели во соопштението на канцеларијата на гувернерот на Дијарбекир.