Nurten Aslan
14 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
ДИЈАРБАКИР (АА) - Најмалку шест лица загинаа во терористички напад врз полициската станица Чинар во Дијарбaкир, а меѓу загинатите има и 5-месечно бебе, јавува Anadolu Agency (АА).
Членови на терористичката организација ПКК доцна синоќа го изврши нападот на полициската станица во југоисточниот турски регион Дијарбaкир.
Нападот беше извршен со активирање на експлозив во автомобил, а потоа терористите отвориле оган врз полициска станица и околните згради, кои исто така се користaт од страна на безбедносните сили. Во еден од овие објекти живеат семејствата на полициските службеници.
Освен 5-месечно бебе меѓу шесте загинаа се и останати две деца на возраст од четири и 12 години, соопшти полицијата. Во болниците во Дијарбакир хоспитализирани се 39 повредени во нападот. По нападот на областа на Дијарбакир испратени се дополнителни сили на полицијата и жандармеријата.