Halit Süleyman
25 Декември 2015•Ажурирај: 25 Декември 2015
АЛЕПО (АА) - Во руските воздушните напади на две болници во градот Азаз во Сирија според првичните податоци, загинаа шест лица, а осум се повредени, јавува Anadolu Agency (АА).
Како што дознава репортерот на АА, шесте лица загинаа на самото место. Сторена е материјална штета во погодената област, а тимовите за цивилна заштита се бореа со пожарот што избувна по нападот.
Една од погодените болници е детска. Од другата страна се бомбардираа три села во северниот дел на Азаз.
На крајот од септември оваа година, руски авиони почнаа со бомбардирање на неколку сириски градови. Иако Русија тврди дека цел на нивниот напад se позициите на терористичката организација ДАЕШ, често жртви на овие напади се сириските цивили. Исто така, во текот на овие напади често се уништуваат воените штабови и центрите за обука на сириската опозиција кои се во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо.