Halit Süleyman
29 Ноември 2015•Ажурирај: 30 Ноември 2015
ЕДЛИП (АА) - Најмалку 40 лица загинаа, а 70 се ранети во воздушниот напад на руските авиони во местото Ериха во сирискиот град Едлип, јавува Anadolu Agency (AA).
Функционерите на Цивилната заштита во Ериха за АА кажаа дека руските авиони извеле жестоки воздушни напади на пазарот и во населените места кои ги контролираат сириските опозициски сили.
Меѓу страданите се голем број жени и деца, а локалните активисти ги преземаа страданите во блиска болница, поточно мобилен стационар кој пружа медицински услуги на населението, бидејќи болницата порано била нападната од страна на силите на режимот на сирискиот претседател Башар Ал-Асад.
Активистите и припадниците на Цивилната заштита ги пребаруваат урнатините во кои стравуваат дека има уште заробени лица.
Рускитее авиони во Сирија стасааа за да се борат против терористичката организација ДАЕШ, но постојано ги напаѓаат местата кои се под контрола на опозицијата во Хомс, Хама, Алепо и Едлип.
Руските авиони неодамна го нападнаа конвојот на шлепери во местото Азез во Алепо, при што загинаа седум, а беа ранети дест лица.
Тогаш се уништени 20 шлепери.